Единство - АД Модна конфекција - Тетово
Модната конфекција ЕДИНСТВО АД Тетово постои и непрекинато работи од 1953 година.
Во своето повеќе од пет децениско постоење, од мало претпријатие за производство на ќилими, трикотажа и кофекција, оваа фирма израсна во модерен индустриски капацитет со впечатливо влијание врз економскиот живот во општината и пошироко.
Инаку, самиот развој не одеше без проблеми, односно во изминатиот период на работење на фирмата беа присутни подеми, но и падови, но секогаш желбата на вработените за успех и во услови кога постоеа тешкотии за такво нешто беше преголема, па и резултатите беа повидливи.
Како резултат на сето она што беше вложено во оваа фирма по разни основи, истата се стекна со вредни придобивки како основа за нејзино успешно работење.
Во овој момент овој стопански капацитет располага со современи производствени и други капацитети во површина од преку 10.000 m² под кров, со ограден деловен круг во површина од околу 30.000 m², со современи технолошки решенија за обавување на својата дејност и со комплетно решена инфраструктура.
Основната дејност на фирмата е производство на машки и детски кошули и пиџами, женски блузи и друга долна облека, како дејност во којашто е специјализирана и со која е препознатлива во деловниот свет.
Во периоди на најголеми дострели во работењето, во оваа фирма беа вработени преку 1.600 работници (со дисперзиран погон во с. Теарце) и тоа претежно женска работна сила и со месечно производство од наоколу 300.000 разни конфекциски единици.
Со реномето кое го стекна со своето работење преку високиот квалитет на производите и исполнувањето и на другите барања на деловните партнери, производството на оваа фирма години наназад се одвиваше според однапред склучени договори со деловните партнери.
Производството на странските партнери кое по обем во некои периоди се движеше и до 50% од постоjното беше наменето за деловни партнери во СР Германија, Холандија, Белгија, Франција, Италија, Грција и од други европски земји и САД, во поголем дел како лон услуга.
Со распаѓањето на бившојугословенскиот пазар и со премин кон нов, пазарен начин на стопанисување, фирмата успеа да се престрои, но во тој поглед се соочи со низа проблеми.
Тие во основа беа наменети од постоењето на преголеми обврски спрема банките и други доверители како наследени од порано, кои, со стеснетиот пазар и со намалениот обем на работење и намален број на работници дојдоа до полн израз со крајно неповолни последици по фирмата, поради што истата во 1996 година отиде под стечај.
Во стечајната постапка и подоцна во постапката на присилно порамнување во стечај голем дел од побарувањата спрема доверителите без намирени и некои од затечените неповолни состојби беа надминати.
|
| |
 |
 |
Влез
Главен влез во административната зграда..
» поголема слика |
| |
 |
 |
 |
 |
Работници
Работници кои работат во конфекцијата на ЕДТКО.
» поголема слика |
| |
 |
 |
 |
 |
Производи
Машките кошули отсекогаш биле наши главни производи.
» поголема слика |
| |
 |
 |
 |
Вакво нешто се постигна со работење и во услови на спроведување стечајна постапка над фирмата кои беа додатно усложнети со постојните блокади и кризните случувања во регионот и во државата поради што и производството во оваа фирма за одвиваше под посебен режин наметнат од партнерите кои, поради несигурност за соработка (а се соработуваше исклучиво со странски партнери) го редуцираа производството, а во некои периоди истата времено ја прекинуваа.
И во такви услови на работење фирмата успеа да го одржи својот континуитет, да ги задржи партнерите како основни предуслови за нејзино натамошно опстојување и работење.
Во овој момент во оваа фирма работат околу 400 работници, претежно женска работна сила, а месечно производство во просек се движи во количина од околу 45.000 до околу 100.000 кофекциски единици во две смени. Соработката се одвива исклучиво со партнери од СР Германија, Холандија, Грција и други исклучиво по лон систем - доработка.
Со овој обем на работа и со постојниот број на работници не се во потполност искористени производствените капацитети на фирмата во кој правез се потребни одредени активности во иднина.
Обврските спрема вработените и спрема државата се измируваат редовно во обем кој е во сооднос со оствареното, така што фирмата досега не евидентира неизмирени обврски по тој основ.
Оваа година во Едтко влезе странски инвеститор: г-дин Злате Ончевски (САД) преку купување на мнозинството акции на фирмата. |
|
|